За се има прв пат: Озил вечерва ќе навива за Тотнем, вети и една работа

by bojan
1 минути читање
Озил

Месут Озил вечерва ќе навива за Тотнем, поранешниот фудбалер на Арсенал исто така вети дека никогаш повеќе нема да ги исмева „спарси“ доколку му откинат бодови на Манчестер Сити.

Арсенал чека услуга од лутиот локален ривал во трката за титулата во Премиерлигата, и  се надева дека Тотнем ќе му откине бодови на Манчестер Сити.

Па многу сегашни и поранешни „топчии“ не кријат дека вечерва ќе навиваат за „спарси“.

Еден од нив е и Месут Озил, кој во минатото често го тролаше Тотнем и се мајтапеше на сметка на клубот од Северен Лондон.

„За прв пат вечерва: АЈДЕ „СПАРСИ“!! Доколку Тотнем не загуби од Манчестер Сити, никогаш повеќе нема да ги исмевам… Ветувам“ – гласеше пораката на Турчинот на социјалните мречи.

Претходно и Тео Волкот, кој во неколку наврати се има закачено со навивачите на Тотнем, најави дека ќе ги бодри „спарси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани