Во екот на пандемија
на коронавирус која го турка светот во голема економска криза, многу луѓе
остануваат без работа и се прашуваат како ќе сврат крај со крај во следните
месеци, Кристијано Роналдо решил да се почести со скапа играчка.
Португалецот е
голем вљубеник во автомобилите, има голема ергелана на која се потрошени
милиони евра, но ништо не се споредува со последниот „ѕвер“.
Голем број на
извори пренесуваат дека ЦР7 купил Бугати Чентодиечи. Се работи за лимитирана
серија од само 10 примерока. Автомобилот развика 1.500 коњски сили, од 0 до 100
забрзува за 2,4 секунди и достигнува максимална брзина од 380 километри на час.
За да ужива во автомобилот,
Кристијано Роналдо ќе треба да почека, доставата ќе биде извршена дури во 2021
година.
Останува да се
види дали ваквите стории ќе се покажат како точни, ова време пред една година
се пишуваше дека фудбалерот купил Бугати Ла Воатур ноар, вест која подоцна беше
демантирана.
Ronaldo si regala anche la Bugatti Centodieci, supercar da 9 milioni https://t.co/UkCMFkssE0
— Corriere della Sera (@Corriere) March 28, 2020