Медиумите од Италија пренесуваат дека првиот човек на судиите во Италија, Џанлука Роки дал позитивна оценка за начинот на кој судијата Даниеле Довери ја делеше правдата на дербито помеѓу Милан и Интер.
Милан вчера со 1-0 го совлада Интер во градското дерби, па трката за Скудетото повторно е отворена.
Но по крајот на натпреварот голема дебата се покрена за моментот од завршницата на мечот, кога Самуеле Ричи играше со рака.
Многумина сметаат дека Интер бил оштетен, но првиот човек на судиите во Италија, Џанлука Роки дал позитивна оценка за начинот на кој Даниеле Довери (и неговите колеги во ВАР) ја делеле правдата.
Играњето со рака на Ричи не било пенал и се наведуваат три причини за ова.
1. Ричи едноставно трча кон својот гол и движењето на неговата рака очигледно не е насочено кон зголемување на волуменот на теренот за да ја спречи акцијата на Дамфрис.
2. Играчот од средниот ред на Милан се обидува да ја повлече раката за да избегне контакт.
3. Раката не е во неприродна позиција во однос на траекторијата на топката (која и онака би го погодила Ричи во страничниот дел од телото).