За првпат во историјата: ФИФА најави шоу на полувремето од Мундијалот во 2026

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави денес дека финалето на Светското првенство во 2026 година ќе го има своето прво шоу на полувремето во историјата.

„Можам да потврдам дека за првпат на полувремето на Светското првенство во Њу Џерси ќе се одржи шоу во соработка со Глобал Цитзен“, објави Инфантино на Инстаграм.

Шоуто на полувремињата на спортските настани се традиционален елемент од американскиот и канадскиот фудбал, па така публиката има прилика за забава во паузата од 20-тина минута. Напознатото шоу се изведува секоја година на популарниот „Супербоул“.

Ќе потсетиме на Мундијалот во САД, Канада и Мекрико ќе учествуваат 48 репрезентации и ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

На турнирот место досегашните 64 натпревари, ќе се одиграат 104 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани