За поништување на сезоната во Премиерлигата треба да гласаат 14 клубови, еве кој клуб за што би гласал

by
5 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата во четврток ќе се сретнат за да одлучат што ќе се случува во
продолжение од сезоната. Во моментов првенството е суспендирано и планот е да
продолжи на почетокот од април, но со оглед на темпото со кое се движи епидемијата
од коронавирус и мерките кои ги повлекуваат властите, тешко е да се замисли
дека ќе се игра фудбал следниот месец.

Една опција е
сезоната да се поништи, што ќе биде особено болно за Ливерпул. Клубот од Енфилд
конечно е на прагот на прва титула по 30 години, и избраниците на Клоп
апсолутно го заслужуваат трофејот со игрите кои ги прикажаа и резултатите
остварени до сега, односно 27 победи по 29 кола и +25 на врвот на табелата.

За било каква
одлука, потребно е да гласаат 14 клубови, и медиумите од Англија веќе прават
некои калкулации и прогнозираат како би изгледало гласањето.

Арсенал: ДА СЕ ПОНИШТИ
СЕЗОНAТА

Доколку казната
на Манчестер Сити остане на сила, финишот на позицијата број 5 од минатата
сезона, на „топчиите“ може да им донесе настап во Лигата на шампиони. Клубот од
Северен Лондон во моментов е на позицијата број 9, па тешко може да стигне и до
Лига Европа доколку продолжи сезоната.

Астон Вила: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Астон Вила е на
позицијата број 19 на табелата, сериозно им прети испаѓање па нив им одговара
сезоната да биде поништена, тоа ќе значи уште една година во елитата.

Борнмут: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

И на Борнмут му
се заканува испаѓање, па најбезбедно решение е сезоната да се поништи.

Брајтон: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Брајтон во
моментов е само два бода над зоната за испаѓање, па доколку треба да бираат
помеѓу поништување на сезоната и продолжување, сигурно ќе ја изберат првата
опција.

Барнли: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Барнли е во добра
форма, во моментов е на позицијата број 10. Се наоѓа на четри бода од позицијата
број 6, може да се надева и на излез во Европа, па за очекување е да одбере доигрување
на првенството.

ЧЕЛСИ: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Челси може да има
клучна улога во гласањето. Доколку одберат поништување на сезоната, финишот на
позицијата број 3 од минатата сезона ќе им донесе настап во Лигата на шампиони.
„Сините“ и сега се во топ четири, но неколку ривали им се зад пети.
Манчестер јунајтед е
на минус три бода, но треба да се напомене дека и позицијата број 5 може да
носи настап во најелитното европско натпреварување.

Кристал Палас: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Кристал Палас е безбеден
од испаѓање, „орлите“ имаат ист број на бодови кака Барнли, односно се на четири
негатива од местата кои водат во Европа, па и тие ќе сакаат да продолжи
првенството.

Евертон: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Со 37 освоени
бода, шансите за пласман во Европа се мали, па приликата да не му дозволат на
лутиот градски ривал да стигне до титулата може да биде особено привлекувачка
за „карамелите“.

Лестер: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Тука е прилично
јасно, Лестер речиси и да има обезбедено настап во Лигата на шампионите, па
сигурно нема да сакаат одличната сезона да биде поништена и целиот труд и
напорна работа да падне во вода.

Ливерпул: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Тука нема никакви
дилеми, Ливерпул ќе сака да продолжи сезоната и тие што поскоро да стигнат до
бодовите кои им требаат за да го освојат трофејот кој го чекаат 30 години.

Манчестер Сити: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Сити нема за што
да игра до крајот на сезоната, па поништување на сезоната веројатно им е
подобра опција, отколку продолжување.

Манчестер
јунајтед: 
ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

„Ѓаволите“ можеби
не сакаат да видат како Ливерпул го подигнува трофејот, но Манчестер јунајтед
сака сезоната да продолжи. Немаат гаранции дека позицијата број 5 ќе им носи
настап во Лигата на шампионите, па сигурно ќе сакаат да атакуваат на топ 4 финиш,
особено сега кога избраниците на Оле се разиграни. Уште една година без елитен
фудбал ќе значи неколку десетици милиони фунти помалку во касата.

Њукасл: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Њукасл во
моментов има осум бода над зоната за испаѓање и тоа би требало да биде доволно.
Но со оглед на тоа дека избраниците на Брус нема за што да играат, големи се
шансите да се решат за безбедната опција

Норич: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Слично како и во
ситуацијата на Ливерпул, тука нема дилеми. Норич е на последното место, со една
нога е во втора лига, па сигурно ќе прифати поништување на сезоната.

Шефилд јунајтед: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Како и во
случајот на Лестер, ќе биде прилично сурово одличната сезона на Шефилд јунајтед
да биде избришана од историјата на Премиерлигата. „Сечилата“ можат на
позицијата број 5 и на минус два до Челси доколку го добијат заостанатиот
меч. Шефилд јунајтед нема што да изгуби, а може многу да добие па ќе сака да
продолжи сезоната.

Саутемптон: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Седум бода над
зоната за испаѓање, силично како и Њукасл, Саутемптон веројатно е безбеден, но „светците“
нема да сакаат ништо да ризикуваат. Исто така, ќе им биде избришан и срамниот
пораз од 9-0 против Лестер.

Тотнем: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Жозе Мурињо
неодамна изјави дека едвај чека сезоната да заврши, и желбата може да му се
исполни во брзо време. Тотнем испадна од сите натпреварувања, во Премиерлигата
е на седум бода од Челси и со голем број на повредени играчи, топ 4 се чини дека
е само пуста желба. Поништување на сезоната ќе значи дека тие следната сезона
ќе играат во Лигата на шампиони.

Вотфорд: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Вотфорд не е на
позициите кои водат во Чемпионшип само поради подобра гол разлика, па изборот е
прилично јасен.

Вест Хем: ДА СЕ ПОНИШТИ СЕЗОНAТА

Потпретседателката
на „чеканите“ беше прва која јавно побара поништување на сезоната. Нејзината
желба е јасна, Вест Хем е над границата за испаѓање само поради подобра гол
разлика.

Вулверхемптон: ДА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Волвс е на само
пет бода од Челси, сонува за настап во Лигата на шампионите, Лига Европа практично
им е загарантирана, па нема што да загубат и ќе сакаат фудбалот да продолжи.

При една ваква
калкулација, 13 клубови би биле за поништување на сезоната и ќе им недостига
еден глас.

Секако, постои и опција
„И волкот сит и овците на број“, односно Ливерпул да биде прогласен за шампион,
никој да не испадне, плус ВБА и Лидс да бидат промовирани па следната сезона да
има 22 клубови во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×