„За новата авантура на Монтела во Фиорентина на повидок големо засилување“

by
1 минути читање

Турските медиуми
денес известија дека Тотенхем нема да се штеди во походот кон потписот на
нашиот талент од редовите на Фенербахче, Елиф Елмас, се шпекулира дека
Премиерлигашот нуди 20 милиони евра за нашиот репрезентативец, но, екипата од
Лондон не е единствена во таа битка.

Фиорентина исто
така се споменува подолг период, а во Италија пишуваат дека по враќањето на
Винченцо Монтела на клупата на Виолетовите големо засилување може да пристигне
од Фенербахче, се работи токму за Елмас.

За новата
авантура на Винченцо Монтела на клупата на Фиорентина, едно важно засилување
може да пристигне од Турската Супер Лига, станува збор за фудбалерот од
средниот ред на Фенербахче, Елиф Елмас кој веќе е контактиран од Фиорентина во
изминатите месеци
пишува Спорт Вирџилио.

Според
известувањата од турските медиуми, момчето ќе биде следено од скаути на дерби
пресметката во недела против Галатасарај, Македонецот роден во 1999. година има
фантастични технички карактеристики и одлична визија на играта, што е причина
што неколку големи екипи како Лацио и Зенит исто така ќе имаат скаути на
големиот меч во Турција
“ додава истиот медиум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×