147
Според информациите кои
пристигнуваат, Џанпјеро Вентура, веројатно најомразената фудбалска личност во
Италија, се споменува како идно решение за англискиот премиерлигаш Ватфорд.
Познато е дека Португалецот Марко
Силва, аткуелниот шеф на стручниот штаб на Ватфорд е прва опција за клупата на
Евертон по катастрофалните резултати на овој тим во новата сезона.
Останува да видиме како
фановите на Ватфорд ќе ја коментираат оваа вест и дали истата ќе им се допадне,
судејќи по непопуларноста на Вентура во последниов период, особено по шокот што
го доживеа Италија по елиминацијата од Шведска во баражот од квалификациите за
Мундијалот во Русија идната година.