За момент загриженост на Максимир, Сулејмани доби нокаут и падна како покосен на теренот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Динамо Загреб на
нашиот репрезентативец Аријан Адеми остана без пласман во групите од Лигата на
шампионите а имаше резултат од 1-1 по првиот меч на гостински терен кај Јанг
Бојс, резултат кој по водството од 1-0 уште во 7. минута значеше и успех во
двомечот, но, на крајот пред своја публика загуби со 1-2 и ќе се задоволи со
место во групите од Лига Европа.

На Максимир
синоќа српскиот интернационалец Миралем Сулејмани се здоби со класичен нокаут
откако Словенецот Стојановиќ во 55. минута од средбата сосема случајно при еден
дуел за топка во пад со копачките го удри директно во главата.

Србинот мораше
предвреме да го напушти теренот а за момент донесе и загриженост на Максимир
кај обете екипи, беше изнесен на носилки по тој удар…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/9ltICQLAES

Можно е и ова да ти се допаѓа

×