Манчестер Сити продолжи
со неверојатната серија на победи, овој пат жртва беше Саутемптон кој не издржа
до последниот судиски свиреж синоќа, па прими гол во самата завршница за 2-1.
Стерлинг беше херојот за
тимот на Пеп Гвардиола, по голот за нови три бода во Премиерлигата повредениот
Бенџамин Менди се помачи да се придружи на своите соиграчи во големата
прослава, а дел од фудбалските фанови ги насмеа неговиот обид, барем за момент.
Французинот мака мачи со
повреди, последно нешто што го оддалечи од фудбалските терени е тоа што ги
скина лигаментите.
Менди на почетокот на летниот преоден рок пристигна на „Итихад“
како големо засилување за левата бековска позиција, но 23 годишниот фудбалер
мораше на операција, а моментално се рехабилитира.