За Македонија е баксуз: Познат е делителот на правдата за гостувањето на Вардар кај Реал Сосиедад

by
2 минути читање

44 годишниот австриски арбитар Роберт Шоргенхофер ќе биде
главен делител на правдата на мечот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар во четвртото
коло од групата „Л“ од Лига Европа.

Доколку го погледнете историјатот на Шоргенхофер ќе воочите
едно нешто, со него, најдобрата македонска фудбалска репрезентација едноставно
нема среќа.

Австриецот судеше во поразот на нашата селекција на
гостувањето кај Шпанија со 4-0 во неодамна завршените квалификации за
Мундијалот во Русија идната година, но, тоа не е се…

Добрите познавачи на македонскиот фудбал сигурно се
сеќаваат на поразот кај Ерменија, шокирачки, а и на ова гостување нашиот состав
прими четири гола а загуби со 4-1 во квалификациите за европскиот турнир во
2012. година.

Шоргенхофер најмногу, по лошо го памети нашиот поранешен репрезентативец Величе Шумуликовски, кој на мечот против Ерменија заработи исклучување откако доби два жолти картони поради стартови, тој незадоволен од арбитражата на мечот, направи нешто што ретко кој очекуваше…

(Марио Ѓуровски го „набљудува“ моментот кога Величе Шумуликовски сака да му ја стави капитенската лента на Австриецот на мечот во Ереван)

Третиот меч на кој ни судел Австриецот е оној пред три
години, кога Камерун со победа од 0-2 си замина од контролката во гостувањето
во Скопје, и на тој меч нашите сениори имаа слабо издание.

Вардар има три од три во дебитантската сезона во второто
по ранг европско клупско натпреварување, дали ќе може да го скрши малерот со не
баш популарниот за нас австриски арбитар, останува да видиме во четврток.

Нашиот првак во претходното коло токму од Реал Сосиедад пред своја публика доживеа дебакл од 0-6.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани