Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека пред натпреварот со Белгија, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, ќе биде организирана специјална фан-зона за македонските навивачи.
Местото на собирот ќе биде Коренмаркт, каде што фан-зоната ќе биде отворена од 11 часот. Оттаму, поддржувачите на репрезентацијата ќе можат организирано да тргнат кон стадионот со автобуси.
ФФМ информира дека е обезбеден превоз во двата правци, од фан-зоната до арената и назад. Автобусите ќе тргнат кон стадионот во 18:15 часот, а преку QR-кодот на официјалниот флаер навивачите може да ја проверат точната локација на собирот.
Македонската репрезентација во Гент ќе ја бодрат речиси 1.000 навивачи, а натпреварот ќе започне во 20:45 часот.
