Многумина
очекуваат Ливерпул барем малку да се „штеди“ против Хадерсфилд во петок пред
своја публика во рамките на Премиерлигата, а со цел за првата пресметка против
Барселона на гости во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Тимот од Енфилд
се бори на два фронта во завршницата од актуелната сезона, во моментов е лидер
во Премиерлигата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но и меч повеќе во однос
на големиот ривал на три кола до крајот на првенството.
Германскиот
стратег од клупата на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашната победа на гости кај
Кардиф (0-2) испрати јасна порака дека неговиот состав целосно ќе се фокусира
на мечот со фенерџијата во Премиерлигата.
„Некои луѓе би не
прашале дали размислуваме за Барселона или некои слични сра*a како тоа прашање“ рече Клоп.
„Ние целосно ќе
се фокусираме на мечот со Хадерсфилд, но, дотогаш ќе треба да се одмориме, а
воедно и да се подготвиме добро“ додаде Германецот.