И покрај подобрените резултати кои Мајкл Керик ги донесе на клупата на Манчестер јунајтед, сè уште не е сигурно дали тој ќе продолжи да го предводи тимот и во наредната сезона.
За ситуацијата на „Олд Трафорд“ свое мислење даде поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер. Според него, актуелниот тренер на Астон Вила, Унаи Емери, би бил идеално решение за клупата на „ѓаволите“.
„Емери е совршен кандидат да го врати Манчестер јунајтед на вистинскиот пат. Според мене, во Премиер лига единствено Пеп Гвардиола е подобар тренер од него“, изјави Карагер.
Емери во моментов бележи солидни резултати со Астон Вила, која се наоѓа на четвртата позиција на табелата и е во жестока трка со Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул за местата што водат во Лига на шампиони.
Викендов следува и директен дуел во оваа борба, бидејќи Астон Вила ќе се соочи токму со Манчестер јунајтед.