76
Екипата на Гимараеш ремизираше на домашен терен против
австриски Салцбург, во мечот кој се одигра во Лига Европа синоќа, сепак, се
чини дека резултатот од Португалија воопшто не се најде во фокусот на
вниманието на целата јавност, туку нешто сосема друго.
Гимараеш стана првата екипа, која на терен на некое
европско клупско натпреварување не изведе во својот тим ниту еден европски
фудбалер.
Кај Португалците имаше мнозинство фудбалери од Јужна
Америка, поточно четворица Бразилци и пет од останатите земји од споменатиот
континент. Во стартните 11 се најдоа и двајца Африканци.