За едни шокантен трансфер, за други романтичен избор: Лоренцо Инсиње се враќа во Калчото (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Лоренцо Инсиње се враќа во Калчото, поранешната ѕвезда на Наполи ги мина лекарските прегледи со Пескара, последнопласираниот клуб во Серија Б.

Лоренцо Инсиње во 2022 година се реши за преселба во САД, потпиша за Торонто и во тоа време стана најплатен играч во МЛС со примања од 15 милиони долари по сезона.

Не авантурата преку барата не одеше според планот, не ги даде очекуваните резултати, па во јули месец двете страни ја прекинаа соработката на взаемна согласност.

Италијанецот со месеци бараше нов клуб, и конечно на почетокот од 2026 прифати предизвик за враќање на терените.

Тој денеска се појави на лекарски прегледи со Пескара, последнопласираниот клуб во Серија Б.

За едни, ова е шокантен трансфер на поранешната ѕвезда на Наполи, за други е романтичен избор.

Имено, Лоренцо Инсиње пред 14 години го носеше дресот на Пескара и блесна во Серија Б со 18 погодоци на 38 натпревари, заедно со Марко Вереати и Чиро Имобиле беа главни ѕвезди на тој тим од сезоната 2011/12, кој ја освои втората лига со импресивни 83 бода и обезбеди промоција во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×