Македонскиот репрезентативен голма, Столе Димитриевски најверојатно ќе го промени клубот ова лето откако Валенсија го стави на трансфер листа.
Димитриевски во Валенсија дојде како наследник на Мамардашвили, но грузискиот голман откако се договори со Ливерпул остана на позајмица во тимот од Местаља. Нашиот голман чекаше да заврши сезоната за да може да биде прв чувар на мрежата, но тоа нема да се случи.
Новиот тренер на Валенсија, Карлос Корберан има други планови, тој не го сака Димитриевски за прв голман. Клубот веќе договори позајмица на голманот на Атлетик Билбао, Хулен Агирезабала кој треба да биде прв голман, а Кристијан Риверо втор.
Димитриевски се уште го бие добар глас во Шпанија, па се верува дека нема да му биде тешко да пронајде нов клуб.