835
Реал Мадрид ризикува да остане без еден од двата најголеми трофеи, особено во незавидна ситуација е во Лигата на шампионите каде има негатива од 3-0 против Арсенал.
Кралскиот клуб треба да надополни висока негатива на Бернабеу за да помине во полуфиналето од Лигата на шампионите, а во Ла Лига има четири бода заостанување зад Барселона.
Според „Марка“, Карло Анчелоти треба да го елиминира Арсенал за да си ја задржи работата.
Ако биде елиминиран, тоа ќе значи дека по крајот на сезоната ќе добие отказ и Реал Мадрид на лето ќе назначи нов тренер.