За да не плати данок ПСЖ на Барса и го нуди Ди Марија, но…

by
1 минути читање

„Светците“ се
обидуваат да најдат начин како да ја убедат Барселона да го продаде Нејмар со
цел да не ја активираат откупната клаузула.

Покрај 222
милиони евра потребни да се откупи договорот на Бразилецот, ПСЖ ќе треба да плати
и додатни 70-80 милиони евра на име на данок.

Па клубот од
Паркот на Принцовите сака да седне на маса со „Каталонците“ и да пронајдат
договор, па дури се спремни и да платат повеќе од 222 милиони евра.

Според пишувањата на АС, ПСЖ исто така е подготвен да понуди неколку играчи од
кои најзвучно е името на Анхел Ди Марија, кој долги години го носеше дресот на
Реал Мадрид.

Други опции се
Блес Матуиди и Лукас Мура, но Барса во овој момент не помислува да преговара за
продажба на Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани