За да ја оживее Жоао Феликс ќе ја „ресетира“ кариерата?

by 24 фудбал
1 минути читање

Кариерата на Жоао Феликс е далеку од очекуваната траекторија, особено ако се земе в предвид стартот кој го имаше во Бенфика, кога со блескавите настапи го натера Атлетико Мадрид да плати огромни 127 милиони евра за неговиот договор. Но, никогаш не се вклопи во системот на Диего Симеоне, па следуваа позајмици, неуспешни обиди за адаптација и чести промени на клубови.

Сега, според информациите на португалскиот „Рекорд“, Бенфика сака да му даде нова шанса. „Орлите“ од Лисабон се решени да го вратат својот поранешен бисер и веќе се во завршна фаза од договорот со Атлетико.

Планот е Бенфика да откупи 50 отсто од договорот на Феликс од Челси за сума меѓу 20 и 25 милиони евра, а тоа би значело целосен рестарт за португалскиот офанзивец.

Феликс има 25 години и многумина сметаат дека токму враќањето во матичниот клуб може да биде вистинскиот потег за повторно издигнување и враќање на старите патеки. Минатата сезона тој ја мина во Челси и Милан каде што беше позајмен, ама „росонерите“ не сакаа да го задржат во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×