78
Италијанските медиуми објавуваат дека во преговорите, Џиџо издејствувал и враќање на неговиот брат во Милан, Антонио Донарума кој потекнува од школата на „росонерите“ но никогаш немал настап за сениорскиот тим.
Антонио Донарума има 26 години и во минатата сезона бранеше за грчкиот клуб, Астерас Триполис.
Постариот Донарума ќе ја грее клупата на Милан, ќе биде втор или трет голман на тимот а неговата годишна плата ќе изнесува милион евра, сума која е далеку поголема од неговите актуелни примања во грчкиот клуб.