Португалецот
имаше деби за заборав во Лигата на шампиони во дресот на Јувентус, на дуелот со
Валенсија доби директен црвен по само половина час игра. Исклучувањето
веројатно беше престрого, но и покрај тоа, Кристијано Роналдо морал да ги
почитува клупските правила и во знак на извинување, да ги почести соиграчите со
нешто.
Војчех Шчесни
откри дека сите добиле компјутер ај-мек, но морале да чекаат два месеци, бидејќи
Кристијано Роналдо долго време плачел дека не направил ништо погрешно.
„Алегри имаше
едно правило, оној кој ќе заработи исклучување, ќе мора да им купи нешто на
соиграчите. Кога Кристијано Роналдо поцрвене против Валенсија, сите добивме ај-мек
компјутер. Но ги чекавме речиси два месеци, тој постојано велеше дека не
направил ништо погрешно…“ – открива голманот на Јувентус.