За Барди се пишува и во Полска: „Новиот Бекам, Пантиќ, македонскиот Жунињо… или пак само снајперист или магионичар?“ (ФОТО)

by
2 минути читање

Барди изминатово лето премина во тимот од Валенсија а
премина од редовите на унгарски Ујпешт, многу брзо се адаптираше во шпанското
првенство и мошне брзо го демонстрираше својот раскошен талент.

Енис Барди – човекот со чекан во своите нозе“ пишува во
својот наслов полскиот медиум а притоа го споредува нашиот фудбалер со Дејвид
Бекам, Милинко Пантиќ и Жунињо, секако, ова оди во конотација на неговата
специјалност во играта, а тоа се слободните удари. Притоа за Македонецот се
напиша дека е или снајперист, или пак магионичар.

Кога Македонецот се подготвува за изведување на
слободните удари, сите на трибините се подготвени да го уловат тој момент со
своите мобилни телефони да го снимаат неговиот обид да постигне гол во
противничката мрежа
“ пишува „Оле“.


Истиот медиум во сторијата и ја наведува ситуацијата која
настана помеѓу Барди и неговиот соиграч Иви, околу тоа кој да го изведе
слободниот удар против Реал Сосиедад, на што се додава и реакцијата од трибините,
каде фановите го бараа токму нашиот фудбалер да биде изведувач на тој прекин,
по што Барди постигна фантастичен погодок, а оваа сцена во Валенсија, „Оле“ ја
споредува со онаа помеѓу Кавани и Нејмар.

Извор: 

olemagazyn.pl

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани