Чави му ветил една работа на Јамал и спречил да не направи трансфер во ПСЖ

by bojan
1 минути читање
Јамал

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави спречил трансфер на Јамин Ламал во ПСЖ, тренерот му ветил на напаѓачот дека ќе се погрижи за брзо време да дебитира во првиот тим на Барселона доколку потпише професионален договор.

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа како Барселона одбила огромна понуда од ПСЖ за услугите на Ламин Јамал, самиот Жоан Лапорта се пофали дека одбил 250 милиони евра.

Медиумите од Шпанија сега откриваат дека ПСЖ имал обид да го ангажира Ламин Јамал во 2023, пред фудбалерот да наполни 16 години.

Предлогот на „светците“ му го свртел паметот на младото момче, но интервенирал Чави.

Тогашниот тренер на Барселона му ветил на Јамин Ламал дека ќе се погрижи за брзо време да дебитира во првиот тим доколку потпише професионален договор.

Двајцата си ги одржале зборовите, Јамин Ламал стави потпис на договор, а Чави кратко потоа му даде шанса да се покаже во првиот тим на „каталонците“ и да блесне на фудбалската сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани