Престижниот магазин „World
Soccer“ во соработка со новинари од
Европската Спортска Медиумска Групација, каде се потпира на германски „Кикер“ и
италијанска „Газета дело Спорт“ ги одбраа најдобрите единаесетмина во тимот на
годината во Европа.
На голот се најде
Џанлуиџи Буфон (Јувентус), дефанзивната линија пред него ја сочинуваат Марсело
(Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус), Давид Луиз (Челси) и Серхио Рамос (Реал
Мадрид).
Дефанзивата и
нападот ги поврзуваат Тијаго Алкантара (Баерн Минхен) и Н’голо Канте (Челси), додека пред напаѓачкото трио
се најде Пауло Дибала (Јувентус).
Триото во нападот
го сочинуваат Кристиано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона) и Едисон
Кавани (ПСЖ).
Извор/Фото:
as.com