Вулверхемптон замената за Куња ја најде во Бразил

by 24 фудбал
1 минути читање

Вулверхемптон донесе ново звучно засилување, откако го комплетираше трансферот на колумбискиот репрезентативец Џон Ариас од Флуминенсе.

Англискиот клуб ќе плати 15 милиони фунти, плус дополнителни четири милиони преку бонуси. Ариaс потпиша договор до 2028 година со можност за продолжување уште една сезона и ќе го носи дресот со број 10, што остана слободен по заминувањето на Матеус Куња во Манчестер јунајтед.

Ариас летово настапуваше на Светското клупско првенство со Флуминенсе, каде стигна до полуфинале. Со бразилскиот клуб ја освои Копа Либертадорес минатата сезона, а има и 31 настап за Колумбија.

Во Вулвс повторно ќе игра со поранешните соиграчи Андре и Џерсон Москера. Тој е второ засилување за клубот во летниот преоден рок, по доаѓањето на Фер Лопес од Селта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×