Вудворд го навлече гневот на Мурињо: Рагби натпревар ги одложи најавените трансфери во Манчестер јунајтед?!

by
1 минути читање

Англиските
медиуми пренесоа дека Манчестер јунајтед ги прекинал, барем за момент,
преговорите со Челси околу трансферот на Немања Матиќ, односно со Реал Мадрид
за Алваро Мората.

Нема детални
информации околу тоа зошто дошло до застој во реализацијата на веќе најавените
трансфери кои се речиси сигурни за клубот, но тука се оние неофицијалните
секако.

Како главен
виновник за целата оваа ситуација во која се најде тимот од „Олд Трафорд“ се
наведува Ед Вудворт, кој го понесе гневот на Мурињо во последниот период, па
така директорот на Манчестер јунајтед во изминатиот период наводно без договор
со Мурињо бил на Нов Зеланд, и тоа ни помалку, ни повеќе, туку да гледа рагби
натпревар помеѓу Британските лавови и Нов Зеланд.

Она што е сигурно, без потписот на Вудворд, нема никаква можност за да се официјализира трансфер во Манчестер јунајтед, па од тука доаѓа голем гнев од страна на Мурињо, кој на клубот му посочи дека до 16. јули сака да ги има сите фудбалери кои му се на листата на желби, кога тимот патува на турнеја во Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани