Вучиниќ по срамното деби: Некои играчи мислат дека се мајстори, а всушност…

by 24 фудбал
1 минути читање

Мирко Вучиниќ имаше катастрофално деби на клупата на Црна Гора, откако неговата селекција доживеа тежок пораз од 4-0 на гостувањето против Фарските Острови.

Хрватскиот стратег Роберт Просинечки беше сменет поради слаби резултати, но ниту по неговото заминување не се подобри ситуацијата. Напротив, Црногорците паднаа уште подлабоко со бледото издание против селекција која речиси никој не очекуваше да ги надигра.

Нема да го паметам дебито по добро, жал ми е за начинот на кој изгубивме. Никогаш не сум бегал од одговорност, ја преземам целата вина. Немаме самодоверба да се вратиме кога ќе примиме гол, а кога противникот поведе со 2-0, престанавме да играме. Ги познавам овие момци, но за кратко време не успеав да допрам до нив. Очигледно нè чека многу работа“, изјави Вучиниќ.

Новиот селектор смета дека најголемиот проблем е во ставот на дел од фудбалерите, кои, според него, имаат нереална слика за сопствените можности.

Треба сите да се запрашаме зошто сме во ваква ситуација. Мора да бидеме понизни и скромни, а ние не сме такви. Некои мислат дека се мајстори, а вистинските мајстори се други. Ние можеме да им парираме само ако даваме максимум и трчаме до последен здив. Погледнете ги најсилните лиги во Европа, таму мајсторите трчаат најмногу и гинат на терен. Тоа мора да го пренесеме и кај нас, без желба и борба нема да стигнеме никаде“, порача Вучиниќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×