Второто засилување за Гвардиола пристигнува во Манчестер, Пеп прави тим во кој секој играч е палтен најмалку 40 милиони евра

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола ќе
го добие второто засилување за новата сезона, на лекарски прегледи со
„Граѓаните“ пристигнува 23 годишниот Едерсон Мораеш.

Според пишувањата
на медиумите од „Островото“ се очекува голманот на Бенфика денеска да долета во
Манчестер.

Извештаите велат
дека Манчестер Сити за Бразилецот ќе плати околу 35 милиони фунти, или 40
милиони евра.

Со ова, Пеп
Гвардиола полека стокмува стартен состав во кој секој играч е платен најмалку
40 милиони евра.

Отаменди и Стоунс
во срцето на одбраната се платени над оваа сума, а бројката од 40 милиони евра
ќе биде надмината и за новите бекови кои се желба на стратегот, Вокер од
Тотенхем и Менди од Монако.

Фернандињо, Давид
Силва, Де Брујне, Стерлинг, Сане и Бернардо Силва, кои ќе конкурираат за
средниот ред исто така се платени повеќе од 40 милиони евра.

И Кун Агуеро
пристигна на Етихад за сума од околу 40 миолиони евра, исто како и Габриел
Жесус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани