Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Антони ги информирал Манчестер јунајтед и Ерик тен Хаг дека сака да го напушти клубот, една опција му е позајмица во Фенербахче каде тренер е Жозе Мурињо.
„Ѓаволите“ во 2022 инвестираа 95 милиони евра во ангажман на Антони и го направија Бразилецот вториот најскап трансфер во нивната историја, но напаѓачот не ги оправдува вложените средства.
Оваа сезона тој има само еден настап, и тоа од клупата за резерви, не му се допаѓа ситуацијата, па ги информирал директорите и Ерик тен Хаг дека сака да го напушти клубот.
Бразилецот има неколку опции, една му е преселба во Фенербахче, каде тренер е Жозе Мурињо.
Се говори дека Манчестер јунајтед нема да му прави проблеми и ќе се обиде да пронајде дил со Фенербахче. Позајмица до крајот на сезоната е најизводливо сценарио во овој момент.