Второлигашот Башкими се раздели со својот капитен

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Башкими потврди дека го прекина договорот и соработката со капитенот Бурхан Алији.

35-годишникот беше еден од лидерите на кумановскиот состав, играше редовно и ја носеше капитенската лента. Сепак, втората авантура во Башкими ја заврши по година и половина, откако во клубот дојде од Силекс во јули 2023 година.

Алији инаку потекнува од Башкими, а во кариерата играше за Милано, Тетекс, Шкендија, Дрита, Гостивар, Еуромилк Горно Лисиче, косовски Велазними и Охрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани