Расинг Сантандер поднесе жалба до Ла Лига против Барселона за трансферот на Пабло Торе во Мајорка, популарните „зелено-бели“ веруваат дека зделката е намерно така направена за да им се нанесе штета.
Расинг Сантандер во 2022 година го продаде Пабло Торе на Барселона за 5 милиони евра плус бонуси, како и процент од следна продажба.
Фудбалерот од средниот ред не се снајде на „Камп Ноу“, па летово беше продаден на Мајорка.
За популарните „црно-бели“ е спорно тоа што зделката е поставена на 4,95 милиони евра, па на нив нема да им следува ништо.
Затоа Расинг Сантандер поднесе жалба до Ла Лига и ја обвини Барселона дека го штелувала трансферот.
Тие веруваат дека фер цената на Пабло Торе е околу 10 милиони евра, односно сумата која „каталонците“ ја поставиле како клаузула со која можат да го вратат момчето во своите редови.
ФОТО: X/FC Barcelona