Екипаата на Барселона потешко од очекувваното, но сепак славеше победа над Расинг Сантандер со 2-0 на гости во осминафиналето од Копа дел Реј.
Вчера Реал доживеа шокантна елиминација, но каталонскиот гигант не дозволи изненадување, иако домаќините имаа свои прилики.
По првото полувреме во кое не видовме погодоци, Барселона до водство стигна во 66. минута преку Феран Торес.
🎥 FC Barcelona Goal
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) January 15, 2026
⚽️ Ferran Torres
pic.twitter.com/NVQOiJimN0
Во проолжение Расинг можеше да се врати, дури и двапати ја тресеа мрежата, сепак и во двете ситуации имаше офсајд за неколку сантиметри, па судиите реагираа. Конечниот резултат го постави Јамал во последните моменти од средбата.
Четвртфинале обезбеди и Валенсија која исто така гости беше подобр од Бургос со 2-0. Македонскиот голман Столе Димитриевски настапи на овој дуел и ги одигра комплетните 90 минути.