Второ засилување од Бундеслигата, Милан го носи плејмејкерот на Баер

by
1 минути читање

Милан продолжува да
работи забрзано на трансфер пазарот, откако веќе договори четири засилувања, на
добар пат е да ангажира ново име.

Медиумите од
Италија и Германија пренесуваат дека „Росонерите“ се блиску до ангажман на плејмејкерот на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу.

Репрезентативецот
на Турција веќе им кажал ДА на „Росонерите“ и Милан сега треба да пронајде
заеднички јазик со „Фармацевтите“.

Се шпекулира со
сума помеѓу 20 и 30 милиони евра за 23 годишниот фудбалер од средниот ред.

„Остварен е
контакт со Милан“
– вели агентот на Чалханоглу, Бекташ Демирташ. „Милан е еден
од најголемите клубови во Европа
.

„Но во моментов
не можам да ви откривам за што разговаравме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани