Шкендија и Интер
Запрешиќ одиграа реми со резултат 1-1 во контролниот меч што се одигра во
Словенија, први поведоа фудбалерите на македонскиот вицешампион, но во
последните минути од мечот хрватите го израмнија резултатот .
Во првите 45
минути игра мрежите од обата гола мируваа, во второто, водечкиот гол на мечот
за нашиот прволигаш го постигна напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими.
Ова беше втората
контролка од предвидените три за Шкендија на подготовките во Словенија, по
ремито со австриски Бад (1-1) и денешното со Интер Запрешиќ (1-1), следи
контролката со словенечки Марибор, предвидена да се одигра во вторник.
Почетниот состав
на Шкендија во дуелот со Интер Запрешиќ
Фото: KF Shkendija (Facebook)
Презентиран Олси
Теќа
Денес во пресрет
на мечот со Интер Запрешиќ беше презентиран Олси Теќа, новото засилување за
тимот на Ќатип Османи.
28 годишниот
албански дефанзивец во таборот на Шкендија пристигна од редовите на Тирана,
досега настапувал само во албанската Суперлига, играјќи за екипите на Лачи,
Бајлиш, Аполонија и Кастриоти.
Ова делумно е
четвртото засилување за тетовскиот прволигаш, откако претходно ги договори
младите Илјаз Чилафи, Беким Реџепи и Артан Елјази со кои потпиша професионални
договори, а тие доаѓаат од младинската школа на Шкендија.
Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)