Вториот тим на Германија пресилен за Мексико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Актуелниот
светски шампион ќе му се спротивстави на Чиле за трофејот од Купот на
Конфедерации.

Германија и
покрај тоа што настапува со втор тим во Русија, вечерва лесно се справи со
Мексико и славеше со 4-1.

„Панцирите“ го
решија мечот уште на стартот, Гроецка погоди за 1-0 во 6. минута, а 120 секунди
подоцна истиот играч одново го матираше Очоа за 2-0.

Вернер по еден
час игра зголеми на 3-0, а Мексико преку Фабиан стигна до почесен гол во 89.
минута.

Избраниците на
Лев сепак го имаа последниот збор, Јунес во првата минута од судиското надополнување
ги постави конечните 4-1.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани