Втора сезона по ред Манчестер јунајтед на колена пред Брајтон, нова очајна партија на „Ѓаволите“ на „Амекс“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Специјалниот“ со
недели на подготовките предупредуваше дека ќе имаат проблеми доколку управата не
го одврзе ќесето, и неговите прогнози се остварија веќе во второто коло. Манчестер
јунајтед попладнево беше очаен на „Амекс“ и втора сезона поред загуби на
гостувањето кај Брајтон.

Откако Ромелу
Лукаку пропушти шанса да донесе предност за гостите по една освоена топка на
противничката половина, одбраната на „Ѓаволите“ за 143 секунди два пати
капитулираше.

Најпрво Мари го
отвори резултатот во 25. минута, за потоа Дафи во 27. минута да го матира Де Хеа за 2-0. Лукаку намали на 2-1 во 34. минута, но наместо Манчестер јунајтед
да фати приклучок, следуваше нова грешка пред финишот на првиот дел.

Најпров Фред
загуби топка на средината од теренот а потоа Баји регираше неспретно и направи
пенал кој Грос прецизно го реализираше за 3-1 ви 44. минута.

Во продолжението
од мечот, шанса добија Лингард и Рашфорд, но ниту тие не помогнаа „Ѓаволите“ да
го стават на мака противникот. Шансите за гол беа ретки, и дури длабоко во судиското
надополнување Погба од пенал погоди за 3-2 но повеќе немаше време за ништо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×