Екипата на Рома вечерва во последниот натпревар од 15. коло во Серија А славеше минимална победа на „Олимпико“ со 1-0.
Херој на „волчицата“ беше бразилскиот дефанзивец Весли Франса, кој во 61. минута го постигна единствениот гол на натпреварт.
🚨🇧🇷| Wesley opens the scoring for Roma with a great strike!
— AllThingsBrazil™ (@SelecaoTalk) December 15, 2025
pic.twitter.com/OdRuG3C5HX
Со овој триумф, римскиот клуб ја прекина серијата од два порази по ред, против Наполи и Каљари, и повторно се врати во борбата при врвот на табелата. Рома сега е четвртопласирана со 30 бодови, само три помалку од водечкиот Интер.
Од друга страна, Комо го запиша вториот пораз во низа, по убедливиот неуспех од Интер во претходното коло, и остана на седмото место со 24 бодови.