247
По отказот на Нико Ковач, Ханси Флик го превзеде кормилото на Баерн на привремена основа. До кога тој ќе биде на чело на шампионот на Германија е нејасно, но низ медиумите често има гласини за потенцијални кандидати.
Денешното издание на Билд вели дека лидерите на Баерн Минхен, особено Карл Хајнц Румениге, сакат да го ангажираат Томас Тухел.
Германецот беше желба на „Баварците“ и пред две години, но тогаш клубот од Алианц Арена бавно реагираше, Томас Тухел веќе си имаше подадено рака со ПСЖ па тие беа принудени да бараат други алтернативи и да го ангажираат Нико Ковач.
Билд додава дека Томас Тухел има одличен однос со Ханси Флик, па тој ќе може да остане и да работи како помошник.