Врти-сучи, Челси треба да плати за Санчо

by bojan
1 минути читање
Санчо

Медиумите од Англија пренесуваат дека Челси ќе мора да му плати на Манчестер јунајтед без разлика дали Џејдон Санчо ќе остане на Стемфорд Бриџ или пак ќе се врати на Олд Трафорд.

Минатото лето, Џејдон Санчо се пресели во Челси на позајмица до крајот од сезоната со обврска играчот во целот да биде купен за 25 милиони фунти.

Англичанецот добро ја почна авантурата на „Стемфорд Бриџ“, но во последно време се мачи со формата па се појавија информации кои велеа дека „сините“ не сакаат да го задржат по крајот на сезоната.

Челси можат да се откаже од перманентниот трансфер, но како казна ќе треба на Манчестер јунајтед да му платат 5 милиони фунти.

Како што пишува Атлетик, „сините“ се уште не донеле одлука дека креваат раце од Џејдон Санчо, додека пак Скај Спортс објави дека како што стојат работите во моментов, за очекување е Челси во целост да го купи фудбалерот.

Се шпекулира и за можноста Челси со 25 милиони фунти да го направи трансферот на Џејдон Санчо перманентен, но веднаш да го продаде, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд пројавуваат интерес за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани