Хрватска ја слави својата најдобра фудбалска генерација, еден од јунаците е Шиме Врсаљко кој има една од подобрите изјави по мечот.
„Кога ќе потцениш некој, тоа најчесто ти се враќа, а тоа се случи денес. Не обрнувавме внимание на тоа што пишуваа Англичаните и што најавуваа. Јас секогаш велам: Излези на терен па после зборувај. Ние сме во финале, а тие можат да одат на сончање ако сакаат“, изјави Шиме Врсаљко по мечот.
„Се зборуваше дека ова не е Англија која ја шутира топката и ја прескокнува играта, но кога тргнавме во притисок кој го вежбавме цела недела, се покажа дека тоа е сепак старата Англија. Физички бевме поспремни, имавме голема желба. По примениот гол бевме подобри и беше прашање на време кога ќе дадеме гол. Оваа репрезентација има карактер. Живееме еден за друг и сакавме да дадеме 300 посто на овој натпревар и ништо да не можеме да си замериме. И кога имаш таков пристап и сета таа поддршка зад себе, тогаш покажуваш заби“.