Врие во соблекувалната на Рома, двајца клучни играчи имале жестока расправија со Де Роси!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Рома и легенда на клубот, Даниеле Де Роси ги губи конците од соблекувалната, лошиот старт на сезоната донесе и тензична атмосфера во составот.

Италијанските медиуми пишуваат дека во изминатите денови Де Роси имал инциденти со Брајан Кристанте и Џанлука Манчини.

Инцидентот со Кристанте се случил на тренинг на Рома. Де Роси на фудбалерот му забележал за една загубена топка велејќи му дека таква грешка ги чинела примен гол. Кристанте тоа не го сфатил добронамерно, па влегол во жестока расправија со Де Роси, некои велат дека малку фалело да дојде и до физичка пресметка меѓу двајцата.

Инцидентот меѓу Де Роси и Манчини се случил по мечот со Каљари од првото коло кој заврши нерешно. Во тунелот Манчини кој е втор капитен на Рома, му замерил на Де Роси што натпреварот го почнал со Дибала на клупата за резерви, а го играл Залевски.

Иднината на Дибала во тој момент беше нејасна, Де Роси реши да го стави на клупата, а на негово место да стартува со Залевски. Ваквата одлука не му се допаднала на Манчини кој влегол во жестока расправија со Де Роси.

Рома во првите две кола освои само еден бод, а во третото коло ќе има тешка задача да го поправи впечатокот бидејќи му гостува на Јувентус кој е единствениот во Серија А со две победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани