Врие во Барселона: Пет фудбалери не се задоволни од третманот, еден добро ја „спукал“ со братот на Чави

by bojan
1 минути читање
Чави

Во екот на гласините за заминување на Чави, медиумите пишуваат дека нешто не штима во редовите на „каталонците“, пет фудбалери не се задоволни од третманот на тренерот.

Изминативе два дена има голем број на гласини за отказ на Чави, наводно Жоан Лапорта се почувствувал предаден од последните коментари на стратегот и решил да се разделиат по крајот на сезоната.

Самиот Чави денеска го негираше ова, вели дека тој и понатаму ќе биде тренер на Барселона.

Но никако да престанат написите за случувањата во редовите на „каталонците“, последните информации велат дека пет фудбалери не се задоволни од третманот.

Станува збор за Роберт Левандовски, Рафиња, Жоао Феликс, Роналд Араухо и Витор Роке, сите сметаат дека Чави не ги користи најдобро нивните квалитети.

Исто така се пишува дека Рафиња добро ја „спукал“ со братот на Чави, и влегол во расправија кога бил заменет на мечот против Валенсија, како казна за ова, бил седна на клупа на следниот натпревар против Жирона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани