Во пресрет на финалето помеѓу Шпанија и Англија на Европското првенство, медиумите потсетија за пријателството помеѓу Феран Торес и Фил Фоден.
Натпреварот во Берлин ќе биде трето соочување помеѓу Феран Торес и Фил Фоден во финале.
Во 2017, Феран Торес со Шпанија беше шампион на Европското првенство за играчи до 17 години, откако во финалето ја совладаа Англија.
Истата година, „трите лава“ и Фил Фоден се одмаздија, и во финалето на Светското првенство за играчи до 17 години ја совладаа „црвената фурија“.
Судбината потоа ги спои во Манчестер Сити, каде двајцата станаа добри другари.
Феран Торес во еден период му беше „шофер“ на Фил Фоден и го носеше на тренинг со автомобил, а Фил Фоден му враќаше со тоа што му беше „учител“ по англиски.
Двете момчиња, кои се родени во 2000-та, повеќе не се клупски соиграчи но и понатаму одржуваат контакт и разменуваат пораки.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.