Времето истекува: Димитриевски донел одлука за својата иднина?

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, и покрај бројните шпекулации за трансфер, најверојатно ќе остане во редовите на Валенсија барем до зимскиот преоден рок.

Иако се очекуваше промена на средината поради тоа што не е прва опција меѓу стативите, адекватни понуди не пристигнаа. Се издојуваше Трабзонспор, но турскиот клуб на крајот се реши за Онана. Како можност се споменуваше и Ризеспор, но самиот Димитриевски од старт не ја сметал понудата за доволно атрактивна.

Во ваква ситуација, Димитриевски донел одлука да остане во Шпанија и да ја почека зимата, со надеж дека тогаш ќе се отвори подобра опција за трансфер. Поради тоа, ако не се случи некој голем пресврт, Димитриевски ќе остане во Валенсија и на тренинзите ќе се обиде да се избори за место на голот.

Да потсетиме, трансфер-пазарите во Саудиска Арабија, Турција, Русија, Грција, Мексико и Катар се затвораат до средината на септември, што дополнително ги стеснува опциите за македонскиот голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×