Времето истекува: Барселона доби втора „корпа“ од судот за регистрација на Олмо

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона вторпат извиси во обидот да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната.

Шпанскиот репрезентативец има договор до 31 декември поради финансиските проблеми на клубот. Сега на адреса на гигантот стигнаа лоши вести.

Второстепениот суд исто така ја одби жалбата на Барселона и не му дозволи исклучок при обидот за регистрација на Дани Олмо. Ѕвездата нема да може да игра на стартот на 2025 година, барем до решавањето на проблемот.

Во најлош случај Барса дури може и бесплатно да остане без Олмо бидејќи наводно има клаузула за раскин на договорот ако не биде регистриран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани