Време е за финале: Меси во лов на својот најголем сон, Франција сака да го одбрани тронот

by
2 минути читање

Се спушта завесата на Светското првенство, Аргентина и Франција во денешното финале се борат за големиот трофеј, Меси против Мбапе, тоа се двајцата фудбалери од кои се очекува да ја направат разликата.

Меси го игра последното Светско првенство, ова е негова последна шанса со Аргентина да дојде до трофејот кој му недостасува во неговата кариера и да го оствари неговиот најголем сон.

Но, Меси и соиграчите за противник ја имаат силната француска репрезентација која и покрај сите проблеми кои ги има во составот, покажа моќ и квалитет креирајќи подлога за надеж дека можат да ја одбранат титулата која ја освоија пред четири години.

Селекторот Лионел Скалони нема проблеми со повредени фудбалери, на располагање ги има сите фудбалери, неизвесен е единствено Папу Гомез кој се жали на повреда на зглобот.

За разлика од Скалони, Дешам уште од пред почетокот на Мундијалот имаше многу главоболки кои продолжија низ целото Светско првенство. Франција беше вистинска болница во изминатите денови, па не е лесно да се креира стартниот тим.

Во Франција имаше неколку фудбалери кои се разболеа, дел од нив ќе се стават на располагање, дел ќе го пропуштат мечот. Неизвесни се и Жиру поради повреда на коленото, исто на болка во коленото се жали и Тео Ернандез, а болки во колкот има Чуамени. Сепак се верува дека сите тројца ќе бидат соберат сили и ќе настапат во финалето.

Аргентина цели 36 години ја чека титулата Светски шампион, последен пат до светската круна стигнаа кога Диего Марадона царуваше на фудбалските терени, Франција пак е една од најмоќните репрезентации во последните декади, тие се последните освојувачи на Мундијалот.

Ова ќе биде битка и меѓу Меси и Мбапе, двајцата фудбалери на ПСЖ, само еден од нив ќе се врати среќен во Париз, другиот ќе биде тажен. Двајцата играат во голема форма и имаат по пет гола на шампионатот.

Се очекува Скалони и во финалето да продолжи да го игра својот дефанзивен стил полн со контра нападии. Цврстата одбрана и магијата на Меси беа одликите на Аргентина во досегашниот дел од шампионатот. Французите играат поофанзивен фудбал, но и многу конкретен. Не ја држат премногу топката во своите нозе со долги додавања туку многу јасно напаѓаат главно преку Мбапе и Дембеле, а Жиру во противничкиот шеснаесетник многу вешто ги чека нафрлените топки.

Можеби во финалето нема да видиме атрактивен фудбал, но сигурно тоа ќе биде голема борба за секоја педа од теренот. Нека победи подобриот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани