Огромен интерес владее за финалето од баражот за пласман на СП 2026 меѓу Босна и Херцеговина и Италија, кое ќе се игра во вторник во Зеница, откако сите билети експресно беа распродадени. Од босанската федерација потврдија дека стадионот ќе биде исполнет до последно место.
„Сите влезници се распродадени. Ви благодариме за огромниот интерес и поддршката за ‘змејовите’“, соопштија од федерацијата.
Во меѓувреме, на црниот пазар цените вртоглаво растат. Билетите се нудат за 1.000, 1.500, па дури и до 2.000 евра, што предизвика револт кај навивачите. Дел од јавноста остро реагира, сметајќи дека ваквите суми се недозволиви, додека се почести се и апелите до надлежните да интервенираат и да ја спречат нелегалната препродажба.
