Врати со иста мера, Роналдо ја копираше контроверзната прославата на Симеоне по големата победа на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кога Атлетико Мадрид поведе против Јувентус на мечот кој се играше на Ванда Метрополитано, Диего Симеоне полуде од радост, се сврти кон публиката и се фати за меѓуножјето. Аргентинецот потоа се правдаше дека го понеле емоциите, дека не сакал да навреди никого и едноставно покажувал дека имаат „големи мад*ња“.

Јувентус сепак вечерва се врати од мртвите, направи огромен пресврт благодарејќи на хет-трикот на Кристијано Роналдо и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Па ЦР7 реши да врати во иста мера, и по последниот свиреж на мечот ја копираше контроверзната прослава на Диего Симеоне Дали Кристијано Роналдо покажуваше дека и тој има „големи мад*ња“ или мислеше на нешто друго, ќе почекаме но како и да е, Португалецот е конечниот победник во дуелот со Чоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×