51
Фудбалерите на Вардар кои се подготвуваа во Анталија, денеска требаше да се вратат во Скопје, но тоа најверојатно ќе се случи утре.
Причината е доцнењето на летот од Анталија до Истанбул поради што вардарци го пропуштиле авионот со кој требаа да летаат од Истанбул до Скопје.
Фудбалерите вечерва ќе преспијат во Истанбул и би требало во Скопје да се вратат утре.
Вардар подготовките ќе ги продолжи во Скопје, а следен пријателски натпревар е хуманитарниот меч против Осогово во Кочани кој се игра во сабота од 14 часот.