Возбудливо реми, Тиквеш со гол во 92. минута се спаси од пораз кај Башкими

by bojan
1 минути читање

Башкими и Тиквеш одиграа возбудливо реми на отворањето на 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, гостите со гол во 92. минута се спаси од пораз.

Денеска стартуваше новото коло во ПМФЛ, средбата помеѓу Башкими и Тиквеш донесе многу возбуда и поделба на бодовите.

По едно мирно прво полувреме, гостите поведоа во 53. минута, Сила погоди за 0-1.

Башкими одговори по пет минути, голманот Стевковски лошо реагираше по еден шут на Рибеиро, а Аворино изедначи на 1-1.

Домаќините стигнаа до комплетен пресврт во 75. минута, по една брза контра, Аворино реализираше за 2-1.

Сепак, последниот збор го имаше Тиквеш, Лавал погоди за 2-2 во 92. минута за поделба на бодовите.

ФОТО: fb/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

×